23 C
Skopje
недела, јули 12, 2020

Струмица доби инфо пункт за млади невработени и за бизнис секторот

Kabtel desktop

Струмица доби Инфо пункт за млади невработени и бизнис секторот. Пунктот претставува обид за создавање своевидна симбиоза помеѓу двете целни групи, при што искрено очекувам дека полза ќе имаат и едните и другите.

Имено, според идејната поставеност на инфо пунктот, тој претставува канцеларија во која младите ќе можат во секое време да ги добиваат посакуваните информации за понудата на бизнис секторот во Струмица, во делот на вработување, практична работа и волонтерство, а од друга страна ќе го користат и бизнисмените во поглед на задоволување на своите бизнис потреби од вработување на млади кадри.

Проектот „Младите – клуч на иднината на бизнис секторот“ се спроведува во партнерска соработка на Здруженијата – „Центар на заедницата на општина Струмица“ и „Струмичка бизнис заедница“, во рамките на. „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан“, финансирана од Европската Унија, спроведувана од УНДП, а во чијашто реализација учествува и Оопштина Струмица со 20 посто од вкупниот буџет со што го потврдуваме нашето партнерство со граѓанските организации и истовремено ги мотивираме да креираат проекти со кои се унапредува развојот на Општината.

(strumicadenes.mk)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •