6.2 C
Skopje
среда, февруари 19, 2020

Проектот клима инвертери за граѓаните ќе стартува денес

Kabtel desktop

Проектот клима инвертери за граѓаните ќе стартува денес, веднаш по владината седница во Штип, најави заменик министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Макрадули посочи дека нема правни пречки за реализација на големиот еко-проект.

Расчистени се сите правни дилеми, пренесени се финансиските средства до општините, а тие со своја програма ќе ги определат зоните и ќе овозможат имплеметација на проектот за клима инвертери. Мислам дека проектот ќе стартува денес веднаш по владината седница во Штип, изјави Макрадули кој во Битола ги посети основните училишта „Кирил и Методиј“ и „Александар Турунџев“ каде со поддршка на МЖСПП се реализираат еко-проекти.

Со проектот на Владата се предвидува 10 илјади семејства од Скопје, Тетово, Битола и Кичево да добијат субвенции од по 1.000 евра за купување инвертер клима во замена со печките на огревно дрво. Предност ќе имаат домаќинства со ниски приходи.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •