14 C
Skopje
понеделник, февруари 24, 2020

Кока кола нема да ги исфрли пластичните шишиња за еднократна употреба!

Kabtel desktop

Кока кола нема да ги исфрли пластичните шишиња за еднократна употреба, бидејќи потрошувачите и натаму ги сакаат да ги користат.

„Пoтрошувачите ги сакаат пластичните шишиња бидејќи се практични, може да се затворат и се лесни“, изјави во Давос Беа Перез, шефицата за еколошка одржливост на компанијата.

Кока Кола е посветена на користење најмалку 50% од рециклираниот материјал во својата амбалажа до 2030 година. Исто така, соработуваше со невладини организации ширум светот за да помогне во собирањето.

Оваа компанија, која е еден од најголемите произведувачи на отпад, се обврза дека ќе ги рециклира сите пластични шишиња кои ќе ги користи до 2030 година. Но, борците за заштита на животната средина тврдат дека многу шишиња и натаму завршуваат на депониите.

„Бизнисот нема да биде бизнис ако не ги задоволуваме потрошувачите“, рече таа. „Како што ја мeнуваме нашата инфраструктура на производство и преминуваме во рециклирање и иновирање, така мораме да им покажеме на купувачите какви се можностите. Тие ќе се променат заедно со нас”.

Овој гигант произведува околу три милијарди тони пластична амбалажа годишно, што изнесува 200.000 шишиња во минута. Во 2019 година хуманитарната организација „Брејк Фри фром Пластик“ ја прогласи Кока Kола за најголем загадувач меѓу брендовите.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •