Србија воведува плаќање со скенирање на QR кодот

- Advertisement -

Граѓаните на Србија наскоро меѓу првите во Европа ќе можат да платат за производите што ги сакаат со скенирање на QR кодот со паметен телефон. Со проширување на мрежата на услуги за инстант плаќање во секоја продавница ќе може да се плати преку телефон и со скенирање на QR код, што е посебно битно за трговците кои во истиот момент ќе ги добиваат парите за купените производи наместо да чекаат неколку дена како што е случај кога се плаќа со картичка.

Со ширењето на ваквите услуги се намалува количината на готовина во оптек, што е пракса во развиените земји во светот. За лидер на ова поле се смета Шведска, која си има зацртано план до 2023 година да стане општество кое речиси нема да користи готовина.

- Advertisement -

Од Народната банка на Србија велат дека е при крај инсталацијата на новата опција за плаќање.

Сподели!
- Advertisement -