9.5 C
Skopje
сабота, март 28, 2020

Ако често патувате, овој дуксер со вградено перниче е остварување на вашиот сон

Kabtel desktop

Денес патувањето со часови од дома до работното место е сосема нормално во најголем дел од светот. Најголем дел од луѓето во оваа модерна доба мора да користат некакво превозно сресство за да стигнат на работа и честопати имаат време да предремат и да одморат додека се возат.

Од друга страна, поради се подобрата поврзаност на светот со авиолинии, се повеќе луѓе патуваат со нискобучетни авиопревозници до најпознатите светски метрополи и културни знаменитости. Тие летови со авион најчесто траат најмалку неколку часа.

Било да патувате секој ден до работа или често да се возите со авион, сигурно користите од перничињата за врат за да ви биде поудобно и седењето и евентуалното спиење. Но, сега има еден уште попрактичен гаџет.

Дуксерот Pillowdy е комбинација од дуксер и парница за врат во едно. Coversomeone од Јужна Кореја е компанија во чија сопственост е брендот Кeek. Кeek е бренд за секојдневна облека кој сака да прави облека која ќе ја носта многу луѓе. Преку практични методи на спојување на облеката и аксесоарите Кeek успеа да го направи Pillowdy.

Перничето за врат се наоѓа во јаката околу вратот, а може да се надуе за неколку секунди преку цевчето кое е поставено во џебот на градите.

Hoodie with a built-in inflatable pillow

This hoodie has a built-in inflatable neck pillow.Book yours here: http://bit.ly/2OA2dD2

Posted by Startup Selfie on Четврток, 21 ноември 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •