Музеите ширум светот нудат виртуелни тури низ нивните колекции

- Advertisement -

„Гугл артс & култура“ („Google arts & culture“) e онлајн платформа преку која јавноста може да пристапи кон фотографии на уметнички дела во висока резолуција. Уметничките дела се во сопственост на партнерските музеи, како Британскиот музеј во Лондон, Музејот „Ван Гог“ во Амстердам и „Гугенхајм“ во Њујорк, пренесува Радио МОФ.

За време на двонеделната изолација од вирусот CoVid- 19, прегледајте ги архивите на музеите во кои се наоѓаат некои од највпечатливите уметнички дела.

- Advertisement -

„Британскиот музеј“ во Лондон
Овој лондонски музеј им дозволува на виртуалните посетители да го „откријат“ Каменот на Розета и да се „соочат“ со египатски мумии.

„Гугенхајм“ во Њујорк
Преку апликацијата „Гугл Стрит Вју“ можете да се искачите по познатите спирални скали на Музејот, без да го напуштите домот. Исто така, на оваа виртуелна тура, можете да разгледате уметнички дела од Импресионизмиот, Постимпресионизмот, но и од модерната и современа уметничка ера.

- Advertisement -

Националната уметничка галерија во Вашингтон
Овој американски музеј нуди две виртуелни тури. Првата тура е фокусирана на американската мода во периодот од 1740 до 1895 година, нудејќи фотографии од колонијалната и револуционерна епоха. Втората виртуелна тура е посветена на холандскиот барокен уметник Јохан Вермеер.

Музејот „д’Орсеј“ во Париз
Тука можете да ги разгледате уметничките дела на француските уметници во периодот од 1848 до 1914 година. Достапни се дела на Моне, Цезан и Гоген.

- Advertisement -

Националниот музеј за модерна и современа уметност во Сеул
Преку апликацијата „Гугл Стрит Вју“ разгледајте ги шестте ката на корејскиот музеј и проследете ја неговата колекција.

Музејот „Пергамон“ во Берлин
Еден од најголемите музеи во Германија во својата виртуелна тура ги содржи „Портата на Иштар“ и „Олтарот на Пергамон“.

Државниот Музеј во Амстердам
Истражете ги уметничките дела за време за „златната ера“ во Холандија, вклучувајќи уметнички дела од Вермеер и Рембрант. „Гугл“ овозможува „стрит вју“ тура од овој музеј, па можете да прошетате низ неговите холови.

Музејот „Ван Гог“ во Амстердам
Сите обожаватели на овој брилијатен сликар, можат да ја посетат колекцијата на дела која вклучува 200 уметнички дела, 500 цртежи и преку 750 лични писма.

Џеј Пол Гети Музејот во Лос Анџелес
Во калифорнискиот музеј може да се пронајдат европски уметнички дела кои датираат од 8 век.

Галерија „Уфици“ во Фиренца 
Оваа помалку позната уметничка галерија ја содржи уметничката колекција на едно од познатите италијански фамилии, Медичи. Зградата била дизајнирана специјално за Косимо Медичи од страна на Џорџо Васари, но архивата на музејот е отворена за сите.

МАСП во Сао Паоло
Музејот за уметност во Сао Паоло е непрофитен и е првиот музеј за современа уметност во Бразил. Уметничките дела се урамени во безбоен плексиглас, па така е чини дека лебдат во воздухот.

Националниот музеј за антропологија во Мексико Сити
Изграден во 1964 година, овој музеј е посветен на археологијата и историјата на Мексико пред шпанското влијание. Отворени се 23 соби со артефакти, а дел од нив се од периодот на Маите.

Извор: Travel and Leisure

Сподели!
- Advertisement -