16.1 C
Skopje
петок, јуни 5, 2020

За да помогне во борбата со корона вирусот, Јужна Кореја ќе исплати по 730 евра на секое домаќинство

Kabtel desktop


Јужна Кореја најави дека на сите семејства, освен на најбогатите, итно на сметка ќе им префрли пари за полесно да се справуваат со кризата поради корона вирусот, а планира и уште едно дополнување на буџетот за да се ублажи притисокот врз стопанството.

На секое домаќинство, со исклучок на 30% кои имаат највисоки примања, ќе им исплати по 730 евра итна помош за во случај на катастрофа, што вкупно ќе изнесува 6,8 милијарди евра.

Граѓаните трпат поради корона вирусот и сите заслужуваат награда за страдањето и за учеството во превентивните напори. Владата мора да смогне што поголема финансиска моќ за да се подготви за економскиот шок на кој не му се гледа крајот и моментално реагираше на несигурноста на пазарот на труд и на потенцијалната криза со ликвидноста на компаниите“, нагласи корејскиот претседател, Мун Џе-ин.

Од владата најавија дека се подготува уште една инјекција за буџетот во вредност од 5,3 милијарди евра, која парламентот треба да ја одобри во април. Најавено е и дека некои мали и средни компании од овој месец ќе бидат осободени од обврската за плаќање комуналии.

Новите мерки се надоврзуваат на низата потези со кои јужнокорејската влада се обидува да го ублажи притисокот од корона кризата на четвртата по големина азиска економија.

Јужна Кореја во голема мера воспостави контрола над ширењето на корона вирусот благодарение на опсежното тестирање на граѓаните, за што доби признание од многу држави од целиот свет.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •