16.1 C
Skopje
петок, јуни 5, 2020

Италијанскиот шампион Јувентус ги намалува платите на фудбалерите поради корона вирусот

Kabtel desktop

Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус во официјално соопштени потврди дека фудбалерите ќе добијат помали плати за март, април, мај и јуни годинава, со можност з аусловно зголемување ако продолжи сезоната во Серијата А.

„Фудбалскиот клуб Јувентус најавува дека поради моменталната глобална закана по здравјето, која го спречи одржувањето на спортските активности, се постигна договор со играчите и тренерот од првиот тим во врска со надоместот за остатокот од сезоната. Договорот предвидува намалување на платите за март, април, мај и јуни 2020 година.

Во текот на наредните недели личните договори со играчите ќе бидат финализирани според моменталните пропири. Економските и финансиските ефекти од договорите ќе резултираат со околу 90 милиони евра за финансиската година 2019/2020, се наведува во официјалното соопштение.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •