Научници открија бактерија која се храни со пластика

- Advertisement -

Познато е дека пластиката претставува се поголем проблем за околината, делумно и затоа што е многу тешко да се рециклира. Но, научници сега идентификуваа бактерија која би можела да придонесе за разградувањето на еден од нјаотпорните видови пластика – полиуретанот.

Станува збор за бактеријата Pseudomonas sp. TDA1. Научниците претпоставуваат дека таа би можела да ги прекине некои од хемиските врски кои ја држат пластиката на база на полиуретан. Таа пластика се користи за изработка на разни предмети – од фрижидери до обувки.

- Advertisement -

Полиуретанот не се топи на високи температури, па многу тешко се уништува. Сепак, сега изгледа дека Pseudomonas sp. TDA1 може да измени некои од хемиските состојки во тој вид пластика.

Научниците утврдија дека оваа бактерија не само што ја разградува пластиката, туку ја користи и како храна за покренување на прицесот. Во лабораториските истражувања ја хранеле исклучиво со клучните хемиски компоненти на полиуретанот. Утврдиле дека бактеријата може да ги користи составните елементи како единствен извор на кислород, јаглерод диоксид,. Ова откритие е битен чекор во правец на истражувањето на производите од полиуретан кои тешко се разградуваат.

- Advertisement -

Следниот чекор е идентификација на генот кој го кодираат ензими кои бактеријата ги произведува за разградување на полиуретанот. Бактеријата пронајдена на депонија за пластичен отпад е првата во светот за која се знае дека го напаѓа полиуретанот.

Сподели!
- Advertisement -