-1.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Досега произведени и донирани вкупно 6.500 визири

Kabtel desktop

До вечерта на 7 април се произведени и дистрибуирани 6.500 заштитни маски со визири финансиски поддржани со средства донирани од граѓани и фирми

Процесот за снабдување на приватните здравствени установи сеуште e во тек, но заради интензивниот труд на активистите од 3Д принт медицинска опрема, само на 7 април беа опслужени 100 установи во еден ден, паралелно со доставата на визири на: Здравствен Дом – Скопјe, Градска Општа Болница “8ми Септември”, УГАК, Психијатриска болница Скопје, Здравствен Дом – Железара.

Навивачката група „Комити“ донираа 600 хируршки маски и 40 заштитни скафандери, кои беа поделени на УГАК и Градска Општа Болница “8 Септември”.

Поради зголемената употреба на Вералит (провиднот дел на визирот) и потешкотиите за негов увоз во државата, поради здравствената ситуација, со цел да се задоволат сите медицински работници, групата на активисти од „3Д принт медицинска опрема“  АПЕЛИРА до сите оние кои можат да ги снабдат со Вералит (проѕирен дел од визирот) да ни се обратат. 

Доколку не успееме да набавиме Вералит акцијата за донација на визири ќе мора значително да го намали етмпото на обслужување на работниците, бидејќи ги трошиме последните залихи.

Со почит, до сите граѓани кои заедно со нас помагаат да го заштитиме медицинскиот персонал,

Иницијативата на facebook групата:

https://www.facebook.com/groups/930629214035361/?ref=share

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!