Цела Европска Унија воведува корона пасош

- Advertisement -

Министрите за туризам на земјите-членки на ЕУ на видео-конференција се договорија да изработат заеднички документ за патување кој би важел за сите земји. Тој документ, кој го нарекуваат корона пасош, се однесува на задравствениот, односно безбедносниот дел од протоколот за патување.

Договорено е дека мора да постои заеднички план за излез од кризата, без оглед на поединечните ситуации во земјите.

- Advertisement -

Туризмот чини 10% до 11% од БДП на Европската унија. Во тој сектор во Европа работат 12% од вкупниот број вработени. Тој е клучен за зајакнување и спасување на националните економии на Италија, Шпанија и Грција.

Можноста за воспоставување коридори за сообраќај на туристите ќе биде договорено до крајот на мај ако не на заедничкиот дел, тогаш барем на билатералните со заинтересираните земји.

- Advertisement -

Фото – pxfuel.com

Сподели!
- Advertisement -