0 C
Skopje
петок, јануари 15, 2021

Платформата за добротворни организации „Ways2Help“ победи на десеттиот „Startup Weekend Skopje“

Kabtel desktop

„Ways2Help“, платформата која ги поврзува добротворните организации и луѓето кои имаат потреба од помош го освои првото место на десеттиот „Startup Weekend Skopje-Covid 19 edition“, што за првпат се одржа викендов како онлајн издание.

„Ways2Help“ е замислена како платформа на која сите организации и невладини ќе можат да им помогнат на загрозените во кризата. Покрај можностите за донирање, платформата нуди и опции за волонтерска работа и редовно плаќање на режиските сметки.

Второ местото место го освои „Neighbours“, платформа за поврзување на членовите на локалната заедница за солидарна акција, донации и услуги за најзагрозените, со цел да се поттикнат локалните волонтери и да се поврзат со најзагрозените на безбеден начин. Трети беа „QRCrew“, апликација за шопинг која ќе им помогне на локалните бизниси поврзувајќи ги со потрошувачите преку QR технологија. Доставата исто така ќе биде еколошка, вклучувајќи доставувачи на велосипеди.

Десеттото издание на „Startup Weekend Skopje“ се фокусираше на решенија за предизвиците и последиците од Ковид 19. Овој настан претставуваше уникатна можност за оние кои имаат бизнис идеја како да му помогнат на општеството да се справи со предизвиците на пандемијата, овозможувајќи им да оформат тим, да добијат поддршка од експерти, и да ја развијат идејата за време на само 54 часа.

Настанот се одржа комплетно онлајн, и во него учествуваа претприемачи, студенти и ентузијасти од целата држава. Четириесетте учесници се групираа во 8 тимови, и беа поддржани од 26 стручни ментори и 4 судии. Од 8 идеи во финалето продолжија 5, од кои беа избрани најдобрите идеи.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •