Едукацијата и трансформацијата на компаниите и индивидуите–неопходни за успешно справување со кризата

- Advertisement -

Интервју со Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на М6 Едукативен центар

Разговараше – Верица Јорданова

Од неодамна го презедовте менаџирањето со М6 Едукативниот центар. Живееме во време кога неформалната едукација игра сè поголема улога на пазарот на труд и овозможува стекнување вештини и знаења кои компаниите ги очекуваат од своите вработени. Каква е вашата визија и кои се вашите планови за идниот развој на едукативниот центар?

- Advertisement -

Ќе се обидам нашата визија да ја сумирам во неколку збора, а тоа е М6 да прерасне во центар за генерирање промени, развој на креативност и знаење и за трансформација на личности, професионалци и компании. Бројот на центри во земјава кои нудат различен тип неформално образование е сè поголем, но ова е област кој допрва ќе расте и ќе се развива особено ако станува збор за квалитетна понуда која дава додадена вредност. Пазарот на трудот станува сè подинамичен и за да бидете конкурентен мора да инвестирате во сопствените знаења и вештини. Тоа е новата реалност во која живееме. Токму затоа, нашата цел е преку иновативен пристап и обезбедување врвни предавачи да понудиме обуки, настани, консултации кои ќе нудат висок квалитет  и ќе имаат вистинска вредностза посетителите. Планираме креирање посебни содржини во соработка со неколку различни универзитети и институции од светот со цел да се подобрат капацитетите на сегашните лидери но и градење партнерства со постоечки наши експерти кои имаат доволно знаење и искуство кое можат да го пренесат на помладите генерации т.е. на лидерите на нашата иднина.

Во организација на центарот е најавено онлајн предавање  од страна на еден од најдобрите консултанти во светот. Кажете нѝ нешто повеќе за овој настан. Како дојдовте до идеја да го организирате предавањето на д-р Адижес и кои ќе бидат темите за кои тој ќе говори и искуствата што ќе ги сподели со учесниците на предавањето?

- Advertisement -

Во време кога се соочуваме со една од најголемите кризи во модерната историја, некако сама од себе се наметна потребата и идејата да организираме предавање кое ќе им помогне на претприемачите и носителите на одлуки во земјава полесно да го изберат вистинскиот пат за време, но и по завршувањето на кризата. Веројатно и не можевме да најдеме подобар човек за тоа од д-р Адижес, кој важи за еден од најреномираните предавачи и консултанти во светот, професионалец со огромно животно и работно искуство. Се разбира, дополнителен плус е тоа што д-р Адижес е родум од Скопје и е одличен познавач на состојбите во државата. Во комуникацијата околу организацијата на настанот се чувствува неговата желба и ентузијазам да помогне на нашата држава со пренесување на неговото искуство и порака. Тој ќе ги претстави своите согледувања и совети за тоа како е најдобро да се води една компанија низ „немирни води“, но како што и самиот најави настанот ќе има интерактивен карактер и ќе се оди како еден вид дискусија. Интересот за предавањето на д-р Адижес е големи јас верувам дека ќе имаме навистина интересен и корисен настан.

Да позборуваме малку за економските последици што ги предизвика здравствената криза предизвикана од вирусот SARS-CoV-2. Вие имате долгогодишно работно искуство во дел од најголемите и најуспешните македонски компании. Какви ќе бидат предизвиците за работниците и компаниите?

- Advertisement -

Нема дилема дека пред нас лежат големи предизвици и уште поголеми промени. Ситуацијата со пандемијата ќе трае, а ние мораме да извлечеме поука. Сите недостатоци на системите излегоа на виделина. После кризата секој ќе треба да направи длабока анализа од која ќе извлече поука за да може да опстои. Потребна е трансформација на луѓето, на компаниите, на општествата. Во целата ситуација ќе „излезат на површина“ и ќе се тестираат сите релации, како со вработените, така и со корисниците, бизнис партнерите, заедницата. Дали се гледаат само сопствените интереси или се работи на заеднички решенија за пребродување на кризата.Во услови кога ќе се менуваат потребите од работна сила, институциите и компаниите ќе кратат трошоци и ќе мора да се преструктуираат, токму едукацијата и развојот на нови вештини и стимулирање на иновации е попотребна од кога било. Компаниите ќе бараат поефикасни работници и менаџери кои ќе можат брзо да анализираат и да носат вистински одлуки. Дефинитивно, некои аспекти ќе доживеат целосна промена. Оние кои најбрзо ќе ги сфатат и ќе се прилагодат на промените, најлесно ќе ја преживеат кризата. „Кога доаѓа бура, некои луѓе градат ѕидови, а други градат ветерници“,вели еднакинеска поговорка.

Имајќи го предвид ова што го кажувате, дали може да се заклучи дека оваа криза е всушност криза на човечкиот капитал?

Па, не би рекла криза туку повеќе предизвик на човечкиот капитал. Всушност, оваа криза ги става на тест лидерските способности на менаџерите во компаниите. Факт е дека голем број компании ќе се соочат со ликвидносни проблеми и можеби ќе посегнат по намалување на работните места. Но, тоа го решава проблемот само на краток рок. Вистинската умешност е како да се задржат и мотивираат успешните вработени да останат лојални на компанијата во кризни времиња како ова. Мудрите лидери ќе инвестираат во своите вработени, бидејќи компаниите и претприемачите кои сакаат да ја преживеат оваа криза мора да вложуваат во сопствениот развој и во развојот на своите вработени.

Во спротивно, по завршувањето на кризата едноставно ќе бидат „претркани“ од конкурентите кои го искористиле овој производ за инвестирање во човечкиот капитал. Во светот после COVID-19 ќе доминираат иновативните компании, а свесни сме дека иновативниот развој може да биде воден исклучиво од квалитетен човечки капитал.

Сите заинтересирани може да се пријават на следниот ЛИНК.

Сподели!
- Advertisement -