14 C
Skopje
вторник, јуни 2, 2020

Научници создадоа вештачко око кое функционира и изгледа исто како вистинското

Kabtel desktop

Вештачките очи обично се направени од стакло и многу лесно може да се види дека не се вистински. Но, тоа наскоро ќе се промени. Имено, научници од Хомгконг успеаја да направат вештачко око, односно бионичко око, кое целосно го имитира човечкото око.

Нивното вештачко око содржи сензор кој реагира на светлина, а на задниот дел од окото има фотосензитивни клетки кои произведуваат електрични импулси и ги испраќаат во мозокот. Дури е исполнето со јонска течност, за целосно да го имитира вистинското око.

Така, вештачкото око може речиси целосно да го замени човечкото, а во некои аспекти е дури и подобро. Научниците истакнуваат дека реакцијата на окото на светлина е иста како кај вистинското око, но има повеќе сензори кои детектираат светлина. Дури би можело да има и способност за гледање подалеку, подобро, па дури и гледање на друг спектар кој не можеме да го видиме со нашите очи.

Но, ќе треба да почекаме додека тоа око се најде во комерцијална продажба. Научниците од Хонгконг велат дека моменталниот прототип има нешто помало видно поле од човечкото око, но дека работат на решавање а тој проблем. Сепак, нивна најголема пречка се парите и долготрајноста на производството, како и можноста некои од материјалите кои ги користат со тек на време да оксидираат или да се распаднат.

Научниците веќе го тестирале окото и докажале дека може да препознае некои букви и да ги испрати сигналите до мозокот. Тоа е првиот чекор кон претворање на ова вештачко око во медицинско помагало кое ќе може да им се вгради на слепите луѓе.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •