-1.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Microsoft ќе ги замени новинарите со вештачка интелигенција

Kabtel desktop

Microsoft ќе ги замени со вештачка интелигенција десетиците новинари коишто работат на веб страницата на компанијата и автоматиризаните системи ќе одлучуваат кои написи ќе бидат објавени. За изборот на написите од разни медиуми и на фотографиите, како и за креирањето наслови на страницата MSN моментално се задолжени новинари.

Таа задача сега ќе ја преземе вештачка интелигенција, изјавија извори за Seattle Times. Од Microsoft изјавија дека таа промена е во склоп на евалуацијата на работата.

„Како и останатите компании ние редовно ја евалуираме нашата работа. Тоа може да резултира со поголеми инвестиции во одредени сегменти и одвреме-навреме со регрупирање на други. Тие одлуки не се донесени поради моменталната пандемија“ велат од Microsoft.

Microsoft, како и другите технолошки компании, им плаќа на медиумите за користењето на нивните содржини на својата интернет-страница. Меѓутоа, вработуваат новинари кои одлучуваат кои вести ќе се најдат на порталот MSN.

Околу 50 хонорарни новинари ќе ги изгубат договорите со Microsoft до крајот на јуни, но тие кои се постојано вработени нема да добијат отказ. „Помислата дека можат да не заменат со машини е демотивирачка“ велат новинарите кои нема повеќе да работат за Microsoft. Некои од нив посочуваат дека вештачката интелигенција не може да ги познава строгите правила на уредување, па на веб страницата можат да се најдат несоодветни содржини.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!