21 C
Skopje
среда, јули 15, 2020

Huawei, Xiaomi и ZTE ги тестираат можностите на 6G во Кина

Kabtel desktop

Huawei, Xiaomi и ZTE ги тестираат во Кина потенцијалните начини на примена на 6G безжичната мрежа, која треба да го надмине својот претходник во однос на брзината на поврзување и капацитетот за пренос на податоци.

Извори блиски до компаниите велат дека нивните проекти треба да ги дадат првите резултати до 2023 година, а новите стандарди треба да бидат воспоставени до 2026 гоидна, потребните системи да бидат изградени до 2028 година и првата комерцијална употреба на новата мрежа да биде во 2030 година.

Huawei моментално собира инофрмации за проблемите идентификувани кај 5G со цел да се елиминираат кај 6G. Според еден од корпоративните директори во компанијата, идната мрежа, меѓу другото, треба да се користи за Интернет на нештата, автономни возила и паметни фабрики.

Експерти ги потенцираат предносите на 6G во однос на 5G, како што е инсталацијата на помалку антени со цел да се поркие поголема територија и помалта латенција или доцнење на сигналот, односно пократко време потребно да се пренесат податоци низ мрежата.

Освен Huawei, Xiaomi и ZTE, јужнокорејскиот гигант Samsung и LG исто така се дел од глобалната трка на патот до идната генерација телекомуникации.

(фото: Huawei)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •