26 C
Skopje
петок, јули 10, 2020

Philips претстави монитор кој на љубопитните не им дава да видат што работите

Kabtel desktop

Philips претстави нов LCD монитор кој е наменет за професионална употреба, но и опремен со интересна заштитна функција. Имено, новиот Philips 242B1V LCD монитор од 24 инчи доаѓа со Full HD резолуција, IPS и SmartImage технологија, но и со заштита од визуелно хакирање.

Со едноставно префрлање на мониторот во приватен начин на работа екранот се сокрива од другите корисници, што особено е корисно за канцеларии со отворен простор или кога податоците со кои работите се премногу осетливи за туѓите очи. Со едноставно притискање на копче екранот станува темен и едвај видлив од сите страни. Благодарение на таа опција само корисникот кој е директно пред него може да види што има на екранот.

Освен приватноста, овој модел е опремен со Easy Read начин на работа, кој овозможува полесно долготрајно читање и ги прикажува податоците на екранот како да ги читате од хартија. Освен тоа, благодарение на подлогата SmartErgoBase, која се подесува по висина, се врти или се навалува, овој монитор овозможува поставување на идеална оддалеченост и под идеален агол за секој корисник.

Philips 242B1V мониторот се продава по цена од околу 560 евра.

(фото: Philips)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •