Словенија направи список со епидемиолошки безбедни држави – Македонија не е таму

- Advertisement -

Словенија објави нов список со епидемиолошки безбедни држави на кој досега беа само Хрватска, Унгарија и Австрија. Од денес жителите на уште 14 држави членки на ЕУ ќе можат да влезат во Словенија без да бидат ставени во карантин.

Така, од денес во Словенија без задолжителен 14-дневен карантин може да влезат државјаните на Германија, Грција, Швајцарија, Бугарија, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Лихтенштајн, Норвешка и Словачка.

- Advertisement -

Одлуката на владата беше донесена врз основа на следењето на епидемиолошката ситуација во земјите членки на ЕУ и во земјите од регионот, при што епидемиолозите предупредуваат на критичен пораст на бројот на дневно заразени во Северна Македонија, но и на влошување на ситуацијата во Србија и БИХ, пишува словенечкиот весник Zurnal24.si.

Словенечката граница треба да се регулира така што сите кои доаѓаат од Северна Македонија, па и словенечките државјани ќе мора да бидат во 14-дневен карантин“ изјави вчера словенечкиот министер за внатрешни работи, Алеш Хојс, и додаде дека ситуацијата во Македонија е на работ на поголема епидемија, пренесува порталот.

- Advertisement -

Словенечкиот министер не ја исклучи можноста за повторно затворање на границите ако во некоја од земјите дојде до влошување на епидемиолошката слика.

(seebiz.eu)

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -