20 C
Skopje
сабота, јули 11, 2020

Цукерберг изгуби 7 милијарди долари

Kabtel desktop

Марк Цукерберг повеќе не е третата најбогата личност во светот. Тоа е последица на падот на вредноста на акциите на Facebook, поради што Цукерберг изгуби 7,2 милијарди долари.

Се почна кога Facebook одби да ги цензурира или барем да ја намали видливоста на објавите на американскито претседател Доналд Трамп врзани за претстојните избори и протестите врзани за расната нетрпеливост во САД. Иако Цукерберг се бранеше дека не сака да ја ограничува слободата на говорот, факт е дека со тој негов став не се сложија ни неговите вработени, како и милионите корисници, а тоа се одрази и на приходите од огласување.

Некои од најголемите огласувачи како Unilever, Verizon, дури и Coca-Colа ги прекиниваа своите рекламни кампањи на Facebook поради, како што велат, тоа дека Facebook не успеал ефикасно да го стопира говорот на омраза и ширењето на лажните информации.

Цукерберг на тој нивни потег и на критиките одговори на својот профил на Facebook. Напиша дека неговата социјална мрежа ќе ги означи сите објави поврзани со изборите со посебен линк кој корисниците ќе ги води до страницата со информации за изборите во САД. Исто така, ќе ја прошири својата дефиниција за говор на омраза, а со тоа ќе прецизира и кои активности ќе се санцкионираат, но и ќе ги забрани сите огласи во кои некоја демографска целина се означува како опасна.

Правилата кои ги воведуваме денес се наменети за соочување со промените кои ја зафатија нашата земја. Сакам Facebook да остане место каде што луѓето можат да го користат својот глас за да дебатираат за различни теми, затоа што верувам дека можеме да направиме повеќе ако се слушаме едни со други. Но, исто така, се противам на омразата, на се што поттикнува на насилство и таквите содржини ќе ги острануваме без оглед кој ги напишал. Ќе продолжиме да ги ревидираме нашите правила и да соработуваме со експерти и организации за цивилни општества за да го прилагодиме нашиот пристап на новите предизвици. Оптимист сум дека можеме да оствариме напредок по прашањето на јавното здравје и расната праведност, а истовремено да ја задржиме нашата декомратска традиција врзана за слободата на изразување и гласање“, напиша Цукерберг на Facebook.

(Dnevnik.hr)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •