Моја Кравица во малите паузи што ги зближуваат родителите и децата

- Advertisement -

Со последното училишно ѕвонче завршуваат часовите, но денот продолжува со тренинг, домашни задачи и договори со другарите. Во тој распоред, најубави често се непланираните паузи: уште малку игра во дворот или прошетка до дома во која се прераскажуваат сите случки од училиште.

Токму тогаш и родителите можат да станат дел од детскиот свет. Наместо вообичаеното „Како помина денот?“, понекогаш е доволно да седнат покрај своето дете, да ја слушнат шегата што го насмеала целото одделение или да прифатат предизвик за уште едно додавање со топката. Разговорот полесно тече кога има време за дружење, без брзање кон следната обврска.

- Advertisement -

Во таква пауза, чоколадното млеко Моја Кравица е едно од малите задоволства што можат да ги споделат. За децата, омилен чоколаден вкус по училиште или меѓу две активности а за родителите, можност и самите да се потсетат на своите училишни одмори и да раскажат некоја заборавена случка. Така, од еден обичен разговор се раѓаат нови теми, а децата откриваат дека и мама и тато некогаш биле деца и молеле да останат надвор уште пет минути.

Освен можноста да се ужива во заеднички момент, Моја Кравица чоколадно млеко во чаша го носи познатиот богат чоколаден вкус во ново издание. Практичната чаша од 230 мл е погодна за уживање во движење, дали по училиште, по тренинг или за време на дружењето.

- Advertisement -

Меѓу сите обврски, вреди да се остави простор за вакви заеднички моменти. Да се продолжи прошетката, да се сподели омилениот вкус и да се прифати поканата за игра. Затоа, следниот пат кога ќе слушнеш „Ајде и ти!“, придружи се и биди дете заедно со своето дете и омиленото чоколадно млеко Моја Кравица.

- Advertisement -