31 C
Skopje
вторник, август 4, 2020

Пошумувањето големи површини може да направи повеќе лошо отколку добро

UAKS desktop

Садењето големи површини со нови шуми наместо да и помага на околината, може да има спротивни ефекти. Според едно истражување, кое го пренесе BBC, субвенциите за садењето шуми може да има контраефекти и да го намали биодиверзитетот со влијанието што го имаат на намалувањето на јаглерод диоксидот во воздухот.

Друго истражување покажа дека можеби се преценува количината јаглерод која можат да ја апсорбираат посадените шуми.Клучната порака на двете истражувања е дека садењето дрвја не е едноставното решение за климатската криза.

Во текот на изминатите години стана популарна идејата за садење дрвја како најевтино решение со големи ефекти врз климатските промени на земјата. Претходните истражувања сугерираа дека дрвјата имаат огромен потенцијал да го впиваат и да го складираат јаглерод диоксидот, па многу земји во светот го ставија пошумувањето меѓу приоритетие во борбата против климатските промени.

Од државите се бара да обноват 350 милиони хектари исечени шуми до 2030 година. Досега околу 40 земји ја поддржаа таа идеја, но научниците предупредуваат да бидат внимателни и дека 80% од плановите вклучуваат садење на само еден вид или мал број видови на дрвја.

Субвенциите за дел од приватните компании значеа садење на економски исплатливи видови дрвја, а не тие видови кои растат во тоа поднебје и поради тоа капацитетот за апсорбирање на јаглеродот не се зголемува, а се забрзува губењето на биодиверзитетот.

Во другата студија научниците ја проучувале апсорпцијата на јаглерод од атмосферата и складирањето во почвата. Утврдиле дека садењето на шумите на почва сиромашна со јаглерод диоксид помага за зголемување на апсорпцијата на јаглеродот од воздухот, но тоа не е случај со садењето шуми на почва богата со јаглерод. И двете истражувања се објавени во списанието Nature Sustainability.

(BBC, Dnevnik.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •