Обединетите Арапски Емирати испратија летало на Марс

- Advertisement -


Во тек е првата историска мисија на Обединетите Арапски Емирати на Марс. Леталото ќе стигне на Црвената планета во февруари идната година. Сондата Hope беше лансирана со ракетата H2-A од вселенскиот центар Танегашима во Јапонија и ќе биде една од вкупно три интернационални мисии на Марс годинава (Кина и САД).

Ова е трет обид на ОАЕ затоа што претходните два обиди за лансирање не успеаја поради неповолните временски прилики. Трите мисии се планирани за летово затоа што сакаат да го искористат периодот кога Марс и Земјата се најблиску една до друга, па патувањето трае пократко.

- Advertisement -

Hope (Al Amal на арапски) се наоѓа на околу 500 милиони км оддалеченост, каде што ги испитува временските услови и климата на планетата, а нејзиното пристигнување на крајната дестинација се очекува во февруари 2021 година, што се совпаѓа со годишнината од формирањето на ОАЕ.

Сара ал Амири, која е водител на научната програма, вели дека успешноста на мисијата ќе има големо влијание на нејзината држава.

- Advertisement -

„Навистина ми е мило што децата во Емиратите ќе се пробудат на 20 јули и ќе имаат свој сопствен проект во вселената, нова реалност која ќе им овозможи дополнителен придонес и создавање на поголемо влијание во светот“ вели Ал Амири.

(Klix.ba, CNN)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -