Италијанското гратче Филињано нуди една недела бесплатен одмор во Италија

- Advertisement -


Педесет бесплатни еднонеделни одмори за посетители во местото Филињано во италијанскиот регион Молизе се дел од иницијативата на регионот за оживување на туризмот, кој е тешко погоден од пандемијата на корона вирусот.

Проектот го стартувала Општината Филињано со околу 600 жители во соработка со хотелот Le Ginestre, кој овозможил бесплатни седумдневни аранжмани во периодот од 17 јули до 25 септември.

- Advertisement -

За да можат да добијат бесплатен одмор неопходно е туристите да немаат живеалиште во регионот, затоа што тоа е еден од начините да се поттикне локалниот туризам и да се промовираат знаменитостите.

Молизе се наоѓа на два часа оддалеченост од Рим, а регионот успеа да го одржи бројот на заразени од корона вирус на ниско ниво во споредба со остатокот од земјата.

- Advertisement -

(Bizlife, IsNews.it)

(фото: Wallpaperflare)

Сподели!
- Advertisement -