Шведската економија е најмалку погодена од пандемијата

- Advertisement -

Пандемијата на короан вирусот помалју ја погоди Шведска во однос на другите држави од Европската унија. Во оваа скандинавска земја економскиот пад од април до јуни изнесува 8,6% во споредба со претходните три месеци. Шведска, која немаше изразени рестриктивни мерки во текот на пандемијата, имаше помал економски пад од остатоткот од ЕУ каде што постоеја рестриктивни мерки, пишува BBC.

Сепак, тоа е најголемиот забележан квартален пад на шведската економија во последните 40 години, покажуваат статистичките податоци. Меѓу земјите кои имаа поголем економски пад се оние кои беа најтешко погодени од пандемијата. Така, во Шпанија тој пад изнесува 18,5%, додека во Франција и во Италија по 13,8%.

- Advertisement -

Да потсетиме, шведската стратегија во борбата против корона вирусот се засноваше на самоосговорноста на граѓаните. Меѓу другото, тоа се однесуваше на физичкото дистанцирање, работењето од дома и избегнувањето на јавниот превоз. Повеќето од економските субјекти во земјата воошто не прекинаа со работа во текот на пандемијата.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -