12 C
Skopje
среда, септември 30, 2020

Телефоните со Android ќе добијат опција за рано предупредување на земјотреси

TMF desktop 19.08.2020

Се додека не се случи некој поголем потрес не ни размислуваме за опасноста која демне. Но, после некој таков настан најчесто користени се апликациите за следење на земјотресите. Во иднина известувањата за земјотреси ќе се добиваат преку паметен телефон ако работи на оперативниот систем Аndroid, а таа опција која вчера ја претстави Google прво ќе биде достапна во Калифорнија. Со овој новитет Google ги претвора сите Android телефони во сеизмометри.

При детекцијата и раното предупредување за земјотреси телефоните ќе користат акцелерометри кои се доволно моќни за препознавање на почетното тресење, односно P-брановидниот потрес. Откако телефонот ќе ги забележи тие бранови, информациите се испраќаат во централен сервер, кој на база на останатите податоци добиени од уреди од тој регион ќе оцени дали навистина имало потрес.

На почетокот Google тие информации ќе ги прикажува при пребарување на поими за потреси, но во иднина на база на детекција на треперењето преку телефон сакаат да испраќаат предупредувања до луѓето кои се наоѓаат на подрачјето на потресот.

Предупредувањето за земјотреси кое луѓето би го добивале преку мобилен телефон би им дало малку повеќе време да скријат пред главниот удар. Тоа значи дека новата опција на Google навистина може да спасува животи. Моментално не е познато кога ќе биде достапна за сите корисници.

(Tech Crunch, Dnevnik.hr)

(фото: Needpix)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •