-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Секој трет кинески телефон е подготвен за 5G

Kabtel desktop

Кина е земјата која во моментов е најподготвена да се префрли на мрежата 5G. Најновите податоци за продажба покажуваат дека во вториот квартал 33% од продадените телефони имаат поддршка за 5G, што е најголем дел во светот.

Колку тоа покачување е зголемено покажува податокот дека во првиот квартал само 16 проценти од продадените телефони биле подготвени за 5G.

Највисок процент е постигнат во јуни, кога повеќе од 40 проценти од продадените телефони имаа поддршка за 5G. Домашните производители, „Huawei“, „Vivo“, „Oppo“ и „Xiaomi“, заземаат 96% од локалниот пазар за 5G. Нивните модели на телефони со поддршка 5G имаат просечна цена од околу 400 американски долари, но цените на ваквите модели паѓаат брзо. „Huawei“ има најголем удел на пазарот, со удел од 46 проценти во последниот квартал.

Инвестициите исто така покажуваат колку сериозно Кина ја презеде неизбежноста за префрлување на мрежата 5G. Имено, скоро половина од инвестициите во телекомуникациските мрежи е за покривање на 5G инфраструктурата. Ова укажува на тоа дека оваа земја сериозно се подготвува за новата генерација на мобилна технологија. Ова ќе им овозможи да развијат многу иновативни решенија – од паметни градови, преку автономни возила, до сеприсутниот уред на Интернет на нештата.

(denar.mk)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!