5.8 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Естонија направи вештачка интелигенција која ја намалува брзината на автомобилите кога на патот има животни

Kabtel desktop

Неодамна инсталираниот систем за детекција на животни во Естонија идентификува големи животни како што се елени, мечки, лосови, а потоа пали силјачки за предупредување за автомобилите да ја намалат брзината кога преминуваат животните.

Системот е дел од напорите на Естонија да го заштити дивиот свет и да спречи повреди и жртви како резултат на судири на автомобили со животни. Ова решение е одговор на барањата на локалните власти за особена внимателност во близина на места каде што диви животни преминуваат пат.

Новиот систем за детекција користи 10 радари за следење на патиштата и детектирање животни кои се приближуваат на означените делови за преминување. Ако се забележи некое животно, сигналот се испраќа до предупредувачките знаци во околината за да се изгаснат светлата и да се намали брзината на максимум 70 км/ч додека не поминат животните.

„Ако се запалени знаците за ограничување на брзината и за предупредување, бараме од возачите да бидат особено внимателни во близина на таквите делови од патот. Тоа значи дека треба да ја намалат брзината, па дури и да затсанат и да ги вклучат трепкачите на колата, ако е потребно“, велат локалните власти.

Како што потенцираат од компанијата Samsara, која се занимава во интернет на нештата и го креираше системот, има повеќе причини зошто животните се привлечени од отворените патишта, освен само за да преминат од една на друга страна. На пример, свежо покосената трева покрај патот, како и солта која се става на патот зимно време.

Како што се вели во извештајот на Инженерскиот колеџ ATME, бројот на судири на автомобили со животни во Индија годишно е поголем од статистиката затоа што се регистрираат само случаите кога штетата е поголема од 1.000 долари. Во САД, пак, годишно има над 300.000 такви судири. Во над 24.000 умираат животните, а речиси 2.000 се фатални за возачите.

(Interesting Engineering)

(фото: PickPik)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!