9 C
Skopje
понеделник, октомври 26, 2020

СЗО предупредува дека од корона вирусот може да умрат дури 2 милиони луѓе

Kabtel desktop

Светската здравствена организација стравува дека пандемијата на корона вирусот зад себе ќе остави 2 милиони мртви луѓе ако светот не почне активно да се мобилизира. Апелираат и да се направи рамноправна распределба на идните вакцини.

Во екот на пандемијата во светот умреа речиси 1 милион луѓе, а повеќе од 32 милиони луѓе се заразени, од кои 7 милиони во САД. Пандемијата го доведе светот до рецесија без преседан и принуди да се откажат или да се одложат водечките културни и спортски настани.

Ако не направиме се што можеме, конечниот биланс од 2 милиони мртви луѓе не само што е возможен, туку е многу веројатен“ велат од СЗО.

И покрај состојбата во светот, новиот премиер на Јапонија, Јошихиде Суга, потврди дека Јапонија има намера да ги организира Олимписките игри во 2021 година како доказ за победата на човештвото над пандемијата.

Во настојувањето да се избегне црно сценарио покрената е трка за вакцина – од една страна, да се развие вакцина против корона вирусот, а од друга секоја земја да осигура доволна количина вакцини за своето население.

На годишното заседание на Генералното собрание на ОН кое годинава е виртуелно, Латинска Америка и Австралија побараа слободен пристап до идните вакцини, но САД, ЕУ и Јапонија веќе резервираа повеќе од половина од првите дози вакцини.

Кој и да ја направи првата ефикасна вакцина, треба да ја подели. Тоа е одговорност кон светот и морална одговорност“ изјави австралискиот премиер Скот Морисон. Тој истакна дека светот многу строго ќе им суди на оние кои се обидуваат да извлечат краткорочна предност или добивка од кризата.

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •