Германски воздухопловен центар претстави електрично возило кое се трансформира од автобус во комби

- Advertisement -

Deutsches Zentrum für Luft und Raumfahrt (DLR), Германскиот воздухопловен центар, го претстави U-Shift, концепт електрично возило коe користи додатоци како капсули за да се претвори од возило на четири тркала во други форми како автобус или комби.

Прототипот има големина на големо комби, а беше претставен на конференција во Баден-Вутемберг во Германија. Прототипот моментално се управува со далечински управувач, но плановите за во иднина се да биде целосно автономно возило.

- Advertisement -

Флексибилноста на возилот се должи на модуларниот дел со неколку додатоци како капсула. Тие индивидуални капсули имаат посебни дизајни и цели, а му овозможувата на U-Shift да се трансформира во различни возила за различна примена и различни индустрии. Проектот за U-Shift досега има добиено 14 милиони долари поддршка од Министерството за економија на покраината Баден-Вуртемберг.

Големите автомобилски компании како Mercedes-Benz и Daimler, Volkswagen и General Motors, како и помалите компании како Кarma Automotive сите имаат удел во развојот на платформата за споделување на електрични возила со повеќекратна намена. Но, за разлика од другите компании, концептот за платформата на DLR има уникатна контролна табла во форма на U буквата, која е дизајнирана да биде и електрична и автономна и да работи во кој било период од денот.

- Advertisement -

Патничката капсула има осум седишта, вклучувајќи и едно седиште што се склопува, а вратата има рампа за пристапност на луѓе со инвалидитети. Карго капсулата има довoлно простор за да собере четири Euro палети со димензии 80 х 120 х 14 см. Освен тие две форми, возилото може да се претвори и во автобус.
Се очекува во 2024 година да се појави прототип на автоматизираната верзија.

(Business Insider)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -