Откако користи роботи, во складиштата на Amazon има многу повеќе повредени работници

- Advertisement -

Иако многу критичари се против роботизацијата и вештачката интелигенција, кои ги има во се повеќе индустрии и на луѓето им ја крадат работата, факт е дека масовното воведување роботи ќе продолжи и понатаму. Додека едни се бунат и сметаат дека голем број луѓе во светот ќе останат без работа и тешко ќе можат да се вработат повторно, други сметаат дека роботите ќе им помогнат на работниците така што ќе ги олеснат репетитивните и физички работи, па тие ќе можат да се посветат на покреативните и полесни работи.

Истражувањето на организацијата Reveal покажа уште една потенцијална негативна страна на воведувањето роботи во фабриките и складиштата. Имено, документите кои им биле достапни на увид покажуваат дека во складиштата на Amazon во кои работат луѓе заедно со роботи има многу повеќе повреди на работно места во однос на складиштата без роботи.

- Advertisement -

Од Amazon ги одбиваат сите наводи од извештајот и во коментарите за медиумите нагласуваат дека посветуваат глемо внимание на безбедноста, а податоците кои се наведени во извештајот на Reveal се погрешно интерпретирани и пренесени.

Најпознатиот случај на повреда на работно место поради робот во складиштата на Amazon е забележан пред две години, кога робот случајно продупчил сад со спреј за одбивање мечки, што предизвикало иритација на кожата и јадеж кај над 50 вработени, а 24 од нив завршиле во болница.

- Advertisement -

(Futurism)

Сподели!
- Advertisement -