-2.7 C
Skopje
вторник, декември 1, 2020

„Фејсбук Дејтинг“ стана достапен и во Европа

Kabtel desktop

Од денес на корисниците на социјалната мрежа Фејсбук во Европа им е достапна новата фунцкија на апликацијата за запознавање на потенцијални партнери. „Фејсбук Дејтинг“ (Facebook Dating) ќе биде конкурент на Тиндер и на останатите слични апликации за запознавање.

Оваа нова услуга на Фејсбук во Европа ги нуди истите функции што досега ги имаше во САД, каде беше лансирана пред повеќе од една година. Корисниците кои имаат профил на Фејсбук ќе можат да ја користат оваа социјална мрежа за да запознаваат потенцијални партнери.

„Денес, го лансираме Фејсбук Дејтинг во Европа за да им помогнеме на што повеќе луѓе да најдат значајни врски преку работите кои им се заеднички, како нивните интереси, настани и групи. Од лансирањето на Фејсбук Дејтинг, регистрирани се повеќе од 1,5 милијарди спојувања во земјите каде оваа функција е достапна“, стои во известувањето на Фејсбук.

„Фејсбук Дејтинг“ им овозможува на корисниците да креираат профили наменети исклучиво за запознавање, одделно од нивните досегашни профили, доколку самите корисници не прифатат поинаку. Помеѓу главните карактеристики на новата услуга на Фејсбук е можноста да се пронајдат луѓе со слични интереси, како и споделување слики и приказни на профилот и опцијата за видео повик наречена Виртуелен Состанок (Virtual Dates). Сервисот за запознавање засега е достапен само преку мобилната апликација на Фејсбук.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •