19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Нови цени на горивата

Kabtel desktop

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95% во однос на одлуката од 26.10.2020 година. Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра
лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 26.10.2020 година. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,107 ден/кг и ќе изнесува 25,831 ден/кг.

Од 3.11.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 58,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 60,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 49,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 49,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 25,831 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат намалување: кај бензинот за 7,942%, дизелот за 6,299%, екстра лесното масло за 6,930 % и кај мазутот намалувањето е 6,467%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,181%. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.11.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 26.10.2020), се дадени во следната табела:

(фото: Wallpaperflare)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •