Швајцарија воведува данок на мито од 2022 година натаму

- Advertisement -

Швајцарските компании повеќе нема да можат од даночната основица да го одбијат митото платено на приватни личности, одлучи швајцарската влада во измените на даночните закони. Покрај митото, од данокот нема да се одбиваат ни трошоците за криминални активности ни авансниот надомест за казнено дело, одлучи владата.

Швајцарија е позната по институтот на банкарската тајна и е позната како безбедно место за складирање пари од сранство, па владата сепак одлучи да ги задржи даночните одбитоци за некои прекршоци. Така, странските парични казни ќе може да се одбијат од данокот, но ако не се во склад со швајцарската политика.

- Advertisement -

„Како и досега, домашните казнени финансиски санкции, паричните казни и административните казнени санкции ни во иднина нема да може да се одбијат од данокот. Од друга страна, странските финансиски санскции ќе може да се одбијат од данокот во исклучителни склучаи, ако ја кршат швајцарската политика или ако компаниите веродостојно докажат дека ги презеле сите оправдани чекори за да се усогласат со законот“ соопштија од владата.

(Poslovni Dnevnik)

- Advertisement -

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -