Pfizer денес објави дека конечените резултати од завршната фаза на испитувањето на вакцината, потврдија дека вакцината е 95% ефикасна.
Фармацевтската компанија Pfizer објави дека резултатите за ефикасноста на вакцината покажаа ефикасност од 95% и дека нема никакви нуспојави. Ефикасноста е испитувана кај претставници од различни возрасни групи со различна етничка припадност.
Ефикасноста кај луѓето постари од 65 години, кои се високоризична група за заразување, е над 94%. Конечната анализа доаѓа само една недела откако првобитните резултати покажаа дека вакцината е ефикасна во околу 90% од случаите.
Во меѓувреме американската компанија Moderna објави дека нивната вакцина е делотворна и активна во речиси 95% од случаите. Успехот на двете вакцини ги поттикна надежите и завршувањето на пандемијата на Ковид-19, која досега однесе 1,3 милиони животи, со што им зададе удар на економиите и секојдневниот живот. Но, ќе поминат уште неколку месеци додека почне широка примена на вакцината, иако приоритетните групи граѓани како што се здравствените работници ќе ја примат уште годинава.
Pfizer откри дека имале 170 случаи на заразени на примерок од 43.000 испитаници, од кои 162 биле меѓу тие кои примиле плацебо, а 8 биле вакцинирани. Десетина луѓе развиле тешки симптоми на Ковид-19, меѓу кои и едно лице кое ја примило вакцината.
Повеќе од 2% од случаите почувствувале замор, а после втората доза тој процент се зголемил на 3,7%. Постарите испитаници имале помаллку нуспојави после вакцинирањето.
Pfizer и BioNTech ќе ги претстават податоците од истражувањето на регулаторни агенции од целиот свет, како и во рецензирано научно списание. Компаниите велат дека очекуваат до крајот на годинава да произведат 50 милиони вакцини, што е доволно за заштита на 25 милиони луѓе.
(Dnevnik.hr)
(фото:)