Саудиска Арабија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција

- Advertisement -

Саудиска Арабија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција дo 2030 година. Најголемата економија во арапскиот свет во октомври стартуваше стратегија за вештачка интелигенција за да привлече инвеститори во рамките на амбициозниот план на саудискиот престолонаследник Мухамед Бин Салмaн, „Vision 2030″, за ублажување на зависноста на земјата од нафтата.

„Саудиска Арабија ќе инвестира 20 милијарди долари до 2030 година“ изјави Абдалах ал Гамди, директор на Управата за податоци и вештачка интелигенција, основана во 2019 година. Според него, земјата сака вештачката интелигенција да биде компонента од алтернативната економија преку стартапи и иновативни компании.

- Advertisement -

„Вештачката интелигенција ја гледаме како извор на дополнителна заштеда и приходи“, додаде Гамди во пресрет на самитот на лидери G20 на индустриски најразвиените земји во светот.

Како и други енергетски богати земји, Саудиска Арабија посебно ќе се фокусира на технологиите за диверзификација на својата економија погодена од ниските цени на нафтата и пандемијата на корона вирусот.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -