2 C
Skopje
сабота, јануари 23, 2021

Микробиологот Бранко Ритман ја прими оксфордската вакцина и се чувствува одлично

Kabtel desktop

Микробиологот Бранко Ритман, научник и еден од доброволците на кои се тестира вакцината на Универзитетот Оксфорд и компанијата Astra-Zeneсa, објасни, меѓу другото, зошто одлучил да ја прими експерименталната вакцина.

Тирман вели дека ја примил вакцината пред неколку месеци. Тој вели дека се чувствува одлично, но не знае дали развил антитела затоа што тоа е дел од испитувањата. „Не знам дали добив плацебо вакцина или вакцина противКОВИД-19. Таков е дизајнот на испитувањата и не сакаат испитаниците да знаат која вакцина ја добиле за да продолжат да се однесуваат нормално“ вели Ритман.

Во однос на тоа зошто одлучил да се приклучи на клиничките испитувања микробиолого вели дека тоа е единствениот начин на кој може да придонесе да се пронајде вакцина што е можно побрзо, особено затоа што тој лично не работи на нејзиното развивање. Тој верува дека секој од нас сака ова да заврши што побрзо.

Ритман вели дека не му било страв да биде дел од втората клиничка фаза. Во првата фаза голем број луѓе ја примиле вакцината. Според него, вакцината содржи осум активни делови и состојки кои ги има секоја друга вакцина која се користи со децении.

Ритман вели дека вакцината се развила за само 10 месеци, а не за неколку години затоа што се наоѓаме во специфична ситуација и некои работи го забрзаа развојот.

Групата научници од Оксфорд кои ја развија вакцината претходно работеле на развојот на вакцината за мерс и сарс. Тоа го забрза развојот на вакцината затоа што тие работеле на други короа вируси, така што со многу мали промени успеале да ја развијат вакцината, објаснува Ритман. Тој додава дека оние што сметаат дека вирусот е измислен треба да одат и да волонтираат во болниците каде што се наоѓаат болните од корона вирусот и да се надеваат дека тоа нема да го платат со својот живот.

(Bizlife)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •