Хрватски Include претстави нови верзии на паметната клупа Steora и револуционерна корпа за отпад

- Advertisement -

Хрватската компанија Include ја претстави новата генерација на паметните клупи Steora и со новата линија корпи за отпад Terra го најави влезот на пазарот за паметно менаџирање со отпадот.

При претставувањето младиот иноватор Иван Мрвош, кој е извршен директор на компанијата, наведе дека главната цел на компанијата е да направи паметни клупа која ќе им конкурира на обичните клупи и со цената. Исто така, ја претстави корпата за отпад Terra, за која изјави дека собира до трипати повеќе отпад во споредба со класичните и дека помалите крадови може да заштеда до 2 милиони евра годишно благодарение на системот за компримирање кој го развиле во Include.

- Advertisement -

Од Include најавија дека после празниците ќе ги претстават првите производи за граѓаните, не наведувајќи за кои производи се работи. Како што истакнуваат, сите елементи на новите производи се резултат на сопствени исстражувања и развој. Во рамките на компанијата произведуваат сопствени литиум-јонски батерии, како и посебни приклучоци за полнење на мобилни уреди, кои го препознаваат моделот на уредот и овозможуваат најбрзо полнење според препораките на производителите. Повеќе од 10 месеци развој се посветени на дизајнирањето на напредните соларни модули во соработка со вараждинската компанија Solvis.

За само пет години првата генерација на паметните клупи Steora стана водечки бренд присутен на 56 пазари и задолжителен елемент на сите клучни проекти за паметни градови. Трите нови модели на паметните клупи Steora доаѓаат со револуционерни соларни панели кои со дијзанот потсетуваат на класични дрвени летви.

- Advertisement -

Steora Classic е целосно нов модел на паметна клупа која може целосно да ја замени класичната дрвена клупа. Classic доаѓа со соларни панели и класичен изглед на клупа. Steora City ги има истите опции како Classic, плус нов 19“ екран за надворешно дигитално огласување, и по прв пат напредна камера со вештачка интелигенција која бележи описни податоци за минувачите. Steora Cyclo е замена за наградуваната Monna клупа претставена во 2018 година. Cyclo има посебно дизајнирани рачни алати за велосипедисти, три напредни конектори за полнење на речиси сите модели електрични ромобили на пазарот, класичен штекер од 220V и два приклучоци за компресор на воздух.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -