4 C
Skopje
недела, јануари 24, 2021

Јапонска компанија направи софтвер кој препознава лица и под маска

Kabtel desktop

Јапонската компанија NEC Corp претстави систем за препознавање лице кој може да го потврди идентитетот на личноста дури и ако таа носи маска. Од компанијата истакнуваат дека нивната технологија ќе помогне за ревитализација на економските активности во услови на т.н. нов нормален живот.

Од NEC тврдат дека технологијата иницијално ја создале за да ги задоволат потребите на луѓе со алергии затоа што носењето маски во Јапонија беше нормална појава и пред пандемијата на корона вирусот. Но, во 2020 година носењето маски доби уште поголемо значење токму поради пандемијата.

„Потребите се зголемија поради ситуацијата со корона вирусот, со оглед на тоа дека вонредната ситуација во светот се продолжи, па сега ја претставуваме оваа технологија на пазарот“ изјавија од NEC.

Системот кој го претставија се фокусира на одредени делови од глaвата на луѓето, вклучувајќи ги очите и делот на јаболчниците, за да го потврди нивниот идентитет споредувајќи со фотографии кои се наоѓаат во регистарот на лица. Се разбира, за системот да функкционира личноста мора претходно да предаде своја фотографија во регистарот.

Од NEC велат дека системот може да препознае личност што носи маска за само 1 секунда и тоа со прецизност од дури 99,9%. Системот овозможува бесконтактна проверка и поминување на луѓето со маски низ безбедносни портали, премини и врати во различни објекти. Системот комбинира и топлински камери, а луѓето ги штити така што не ги тера да ги вадат маските кај безбедносните проверки, а не се ни во контакт со какви било површини во текот на верификацијата.

Бесконтактната верификација стана исклучително битна поради влијанието на корона вирусот. Од NEC уште не откриваат колку ќе чини тој систем, но сигурно нивната технологија ќе поттикне бројни расправи за приватноста на податците ширум светот.

Сепак, нивниот систем веќе има заинтересирани клиенти како што се авиокомпаниите Lufthansa и Swiss International Airlines, кои поочнаа да ја користат платформата во декември минатата година на аеродромите во Франкфурт и во Минхен. Патниците кои ги користат услугите на тие авиокомпании мора да регистрираат фотографии од своето лице и податоци од пасошите користејќи ги мобилните апликации на компаниите пред да се појават на аеродром.

Од NEC тврдат дека имињата на корисниците не се складираат, но фотографиите и личните податоци се кодираат и се складираат во платформата.

(RT)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •