4 C
Skopje
недела, јануари 24, 2021

Кон Земјата лета астероид кој би можел да предизвика удар со јачина од 150 атомски бомби од Хирошима

Kabtel desktop

Научниците со години разгледуваат астероиди кои поминуваат во близина на Земјата, а посебно ги следат оние на кои нашата планета може да им се најде на пат. Додека секоја година Земјата јаа погодуваат десетици ситни астероиди и не предизвикуваат никакви проблеми, поголем астероид би можел да предизвика катаклизмички настани.

Еден таков астероид наречен 2009 JF1, откриен во 2009 година, а научниците сега се плашат дека во март 2022 година може да биде многу блиску до Земјата, а можеби и да ја погоди. Како што објаснуваат од НАСА, тешко е да се предвиди точната патека на астероидот затоа што на тоа може да влијаат многу фактори. Но и покрај тоа, велат дека шансите 2009 JF1 да удри во Земјата се 1:3800, односно 0,026%.

Иако ваквите шанси на обичниот човек можеби му изгледаат занемарливи, научниците ги сметаат за сериозна закана. Некои астероиди и комети следат орбитални патеки кои ги доведуваат во близина на Сонцето, а потоа и на Земјата, објаснуваат од НАСА и додаваат дека токму поради тој астероид внимателно следат се со помош на автоматизираниот систем Sentry. Sentry автоматски и континуирано ги скенира најновите каталози на атсероиди за да забележи некој што би бил опасен за Земјата во наредните 100 години.

Според последните податоци, астероидот 2009 JF1 се наоѓа на оддалеченост поголема од 375.000 км од Земјата, но се приближува со брзина од 18 км/с. Се предвидува дека покрај Земјата ќе помине со брзина од 65.293 км/ч.

Кога го забележале во 2009 година астероидот имал околу 13 метри обем. Иако звучи малку, во комбинација со брзината со којашто се движи неговиот удар би предизвикал експлозија еднаква на 230 килотони динамит, односно како 150 атомски бомби како тие што експлодирале над Хирошима.

Научниците сепак истакнуваат дека шансите дека 2009 JF1 ќе удри во Земјата се мали, но дека камењата кои обично се одделуваат од астероидите може да влезат во атмосферата и да направат спектакуларна метеорска претстава на небото. Ако поради нешто се смени патеката на астероидот, вселенските агенции во светот работат на заеднички план Б со кој би се пресретнал астероидот и би се пренасочил подалеку од Земјата. Но, засега само внимателно го следат.

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •