4 C
Skopje
недела, јануари 24, 2021

ЕУ апелира земјите-членки да не набавуваат сами вакцини против корона

Kabtel desktop

Комесарката за здравство на Европската Унија, Стела Киријакидес, ги предупреди земјите-членки на ЕУ да не се обидуваат да склучат одделни договори за набавка на вакцини против коронавирус, бидејќи тие со заеднички договор ѝ го пренеле тоа право на Европската комисија, пренесува МИА.

Дозволете ми да ве потсетам дека со одобрување на договорот за делегирање на преговорите за набавка на вакцини на Европската комисија, вие се согласивте да не започнувате сопствени процедури за набавка на вакцини со истите производители“, им порача Киријакидес на министрите за здравство на земјите-членки, разговарајќи за здравствената состојба во ЕУ.

Земјите-членки на ЕУ во јуни минатата година ѝ дадоа мандат на Европската комисија да преговара и да склучува договори за набавка на вакцини во нивно име.

Информациите дека Германија склучила билатерален договор со „Бионтех“ и „Фајзер“ за купување дополнителни 30 милиони дози крена голема прашина. Исто така, Кипар се обиде да склучи договор со Израел за набавка на вакцини.

Европската комисија досега има потпишано договори за набавка на вакцини од шест различни производители, од кои две веќе се одобрени за употреба, а тоа се вакцините на „Фајзер/Бионтех“ и на „Модерна“. Вакцината се дистрибуира до земјите-членки според нивниот удел во вкупната популација на ЕУ.

Извор – МИА

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •