14 C
Skopje
вторник, март 2, 2021

Русија објави дека втората руска вакцина е ефикасна 100%

Kabtel desktop

Руската федерална служба за заштита на правата на граѓаните Ростпотребнадзор извести дека резултатите од првата и втората фаза од клиничките испитувања покажале дека руската вакцина EpiVacCorona против корона вирусот има ефикасност од 100%.

Оваа вакцина ја разви Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија Вектор, кој се наоѓа во близина на Новосибирск.

Вкупната ефикасност на вакцината се состои од имунолошка и превентивна ефикасност“, се наведува во соопштението.

За разлика од првата руска вакцина против корона вирусот, Sputnik V, која е векторска и се заснова на човечки аденовирус, новата вакцина е пептидна и се базира на една од синтетичките платформи.

EpiVacCorona се состои од вештачки синтетизирани кратки фрагменти на вирусните протеини пептиди, преку кои имунолошкиот систем учи како да го препознаи и да го неутрализира вирусот, велат од Ростпотребнадзор.

(Klix.ba)

(фото: Pixnio)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •