Велика Британија намерно ќе изложи 90 млади доброволци на корона вирусот

- Advertisement -

Првото истражување во кое 90 млади луѓе намерно ќе бидат изложени на корона вирусот ќе почне за еден месец отсега во Велика Британија. Истражувањето неделава доби етичко одобрение, наведуваат во соопштението од британското Министерство за енергетика и индустриска стратегија.

Во текот на испитувањето до 90 доброволци на возраст од 18 до 30 години ќе бидат изложени на корона вирусот во безбедна и контролирана средина со цел да добијат подобро разбирање како влијае вирусот на луѓето.

- Advertisement -

Податоците до коишто ќе дојдат со ова истражување ќе бидат од големо значење за развојот на ефикасни вакцини и третмани против КОВИД-19. Во редовните испитувања на доброволците им се дава експериментална вакцина, а потоа се пуштаат во секојдневниот живот. Наспрема тоа, во ова истражување учесниците намерно се изложуваат на вирусот.

Ваквите испитувања не се ништо ново, а досега биле спроведени за пронаоѓање лек за колера, тифус, маларија, па дури и за грипот. Сепак, некои критичари се загрижени поради изложувањето на луѓето на вирус за кој не постои сигурен лек и додаваат дека малдите и здрави доброволци не се репрезентативни за пошироката популација.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -