Земјите-членки на ЕУ начелно се договорија да воведат КОВИД-пасоши

- Advertisement -

Шефовите на државите и владите на земјите-членки на ЕУ принципиелно се согласија да се воведе единствен пасош со потврда за вкацинација кој на луѓето кои го поседуваат ќе им овозможи да посетуваат некои културни или спортски настани, како и да патуваат.

Геранската канцеларка Ангела Меркел изјави дека уште не е донесена политичка одлука за тоа што ќе значи таквиот документ. „Јас не сум програмер“ одговори канцеларката на конференција за медиуми во Берлин на прашањето на новинарите на DW дали електронскиот пасош за вакцинирање ќе биде готов со летниот распуст.

- Advertisement -

Меркел единствено истакна дека пасошот ќе биде готов во догледно време и додаде дека само развојот на националните документи за вакцинацијата кои потоа ќе се преточат во еден европски документ ќе трае три месеци.

Најголемиот заговорник на ова решение е австрискиот нацелар Себастијан Курц, а доби целосна поддршка од колегите од Грција, Кипар и од Шпанија. Курц во пресрет на самитот изјави дека за вакцинираните и луѓето кои ја преболеле короната треба да се воведе зелен пасош и така да се овозможи делумна слобода и враќање во нормалниот живот ширум Европа.

- Advertisement -

Меркел додаде дека тоа не значи дека само вакцинираните луѓе ќе можат да патуваат. Граничниот сообраќај во Европа би можел да се олесни, но и евентуално да се бараат потврди за тестирање. Во основа, се препушта на земјите членки да одредат како ќе ги користат сертификатите за вакцинирање.

(Deutsche Welle)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -