15.8 C
Skopje
вторник, октомври 4, 2022

Германска компанија направи технологија која дијагностицира корона вирус со скенирање на окото

Kabtel desktop

Компанијата Semic RF со седиште во Минхен се надева дека ќе помогне тестирањето на корона вирусот да не се прави на стандардниот начин, туку со скенирање на jаболкото на окото. Тие велат декa развиле процес со помош на кој се потребни само 3 минути за идентификување на личност која е позитивна на вирусот, а стапката на прецизност е дури 95%.

Semic RF ја разви апликацијата за скенирање на окото со колеги од САД и во очекување на регулаторно одобрение се надеваат дека ќе почнат да ја воведуваат во земјата до крајот на мај, вели директорот на компанијата, Волфганг Грубер.

Во процесот на скенирање се користи фотографија од очното јаболко направена со паметен телефон, а вирусот се идентификува ако постои симптоматско воспаление кое го нарекуваат црвено око. „Успеавме да го изолираме постоењето на корона вирусот од над 2 милиони различни нијанси на црвено“ изјави Грубер.

Тој додава дека апликацијата, која веќе е тестирана на над 70.000 поединци, може да направи и до 1 милион скенирања во секунда и дека постои можност тој капацитет да се зголеми, што на крајот би овозможило повторно дозволување на масовни собири како концерти или фудбалски натпревари.

После преземањето на апликацијата ги фотографитрате двете очни јаболка, ја испраќате фотографијата на проценка, а потоа резултатот можете да го зачувате како QR код на телефон“ објасни Грубер.

За почеток апликацијата е наменета за компании и комерцијални корисници. Цената е 480 евра месечно, а подоцна се планира и примена за поединци.

(N1)

(фото: Flickr)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!