Најскапиот развод во историјата – се разведуваат Бил и Мелинда Гејтс. Еве што ќе делат!

- Advertisement -

Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда Гејтс објавија дека ќе се разведат после речиси три децении брак, а како што пренесуваат медиумите, парот нема потпишано предбрачен договор за поделба на богатството.

Светот прилично го изненади веста за разделбата на еден од најмоќните брачни парови во светот, меѓутоа после првобитниот шок, една од работите кои најмногу ги интересираат луѓето е како семејството Гејтс ќе го подели имотот во она што ќе биде најскапиот развод во историјата.

- Advertisement -

Документите кои Мелинда ги поднела во Вашингтон деновиве откриваат дека нивниот брак е неповратно изгубен. Како што пренесуваат медиумите, од судските документи јасно е дека не постои предбрачен договор.

Брачниот пар поседува приватен авион и многу недвижности, вклучувајќи го и нивниот дом во Вашингтон и куќи во Калифорнија, Флорида, Вајоминг и во Масачусетс. Нивната семејна куќа е вила од 6.100 квадратни метри, која е купена за 2 милиони долари и редизајнирана во текот на 7 години по цена од 63 милиони долари. Сега вреди 125 милиони долари и има седум спални соби, 18 бањи, арт-деко кино, трпезарија која собира 24 гости, затворено-отворен базен со подводен музички систем, вештачки поток со лосос и пастрмка и наводно плажа со увезен песок.

- Advertisement -

Има и соба за трамболина, сала за прием на 150 луѓеза вечера или 200 за коктел, библиотека со тајни полици со книги и шанк сокриен под една од нив. Брачниот пар Гејтс има и ранч на Флорида од 59 милиони долари и ранч во Вајоминг од 9 милиони долари со 5 спални соби, 3 бањи, пансион, штала и колиба среде езеро. Парот има и два дома во Калифорнија, еден со тркачка стаза, овоштарник и амбари, купен за 18 милиони долари, а другиот купен за 43 милиони долари.

Соосновачот на Microsoft е љубител на автомобили и поседува Porsche 930 Turbo, Jaguar XJ6, Ferrari 348 и редок Porsche 959. Неодамна купил и екетричен автомобил Porsche Taycan.

- Advertisement -

Бил и Мелинда Гејтс се запознале во Microsoft во 1987 година, после што Мелинда почнала да работи како менаџер на производи. Тие се венчале на Хаваи во 1994 година, после седум години познавање. Тогаш тој имал 38 години, а таа 29 години. Имаат три деца – две ќерки Џенифер (25) и Фиби (18) и еден син Рори (21).

Бил Гејтс е четвртата најбогата личност во светот, а Forbеs проценува дека вреди 130,5 милијарди долари. Откако Microsoft излезе на берза во 1986 година, Гејтс стана најмлад милијардер кој сам го стекнал своето богатство. Индексот на милијардери на Bloomberg проценуваат дека богатството на Гејтс е дури поголемо од 145,8 милијарди долари.

(Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -