19.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

Креативни идеи за појадок со пролетни состојки

Kabtel desktop

Започнете го денот со хранлив појадок кој ќе ве исполни со енергија потребна за целиот ден. Бидете креативни и искористете ги состојките на пролетта во комбинација со супер лебовите на Жито Лукс за појадок полн со хранливи материи. Во продолжение неколку идеи за вкусен појадок:

Тост со интегрален леб со супер житарки со изртен овес и спелта со домати, моцарела и намаз од авокадо:

  • Во блендер ставете половина авокадо, сок од еден лимон и неколку листови спанаќ. Вака подготвениот намаз намачкајте го на едно парче супер леб со житарки со изртен овес и спелта, врз намазот ставете домат исечен во кругови и парчиња моцарела, наросете со магдонос и појадокот е подготвен!

Тост со јајце и интегрален леб со супер семки од чија и тиква:

  • Подгответе намаз од авокадо и премачкајте ги парчињата супер леб претходно запечени на тостер. Испржете по едно јајце за секое парче тост. На премачканите парчиња ставете ги пржените јајца, исечкајте млад кромид на ситни парчиња и ставете врз јајцата. Уживајте!

Тост-кајгана со интегрален леб со супер зрна со хељда и амарант:

  • На тава пропржете ситни парчиња млад кромид, спанаќ и сирење, ставете две парчиња супер леб со зрна од хељда и амарант и прелијте со две изматени јајца. Кога ќе биде готова кајганата, додадете домат на кругови врз едното парче леб и преклопете. Останува само да уживате во вкусовите.

Доколку повеќе претпочитате благ отколку солен оброк, еве што предлагаме:

Тост со интегрален леб со супер житарки со изртен овес и спелта и путер од кикирики:

  • Премачкајте парче од супер лебот со изртен овес и спелта со путер од кикирики, наредете банана и прелијте со природен мед. Брз и едноставен појадок за ден исполнет со енергија!

Интегрални парчиња леб со супер зрна со хељда и амарант и јагоди:

  • Премачкајте ги парчињата леб со намаз од авокадо и лимон. Врз намазот ставете парчиња свежи јагоди и наросете со кокос. Брзо и едноставно!

Интегрални парчиња леб со супер семки од чија и тиква со путер од лешник:

  • Премачкајте ги парчињата леб со путерот од лешник, ставете парчиња банана, парчиња киви и прелијте со мед. Тоа е тоа, појадокот е подготвен!

Секој појадок кој содржи барем едно парче супер леб претставува природен извор на протеини, калциум, железо, диететски влакна, витамини и минерали, односно има висока нутритивна вредност. Супер лебовите на Жито Лукс се одамна достапни на пазарот, а се направени според барањата на потрошувачите за вкусни, но истовремено здрави и хранливи производи.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •