Илон Маск повторно го потона биткоин

- Advertisement -

Колкава моќ може да има еден човек врз криптовалутите? Очигледно многу ако го гледаме Илон Маск. Ексцентричниот иноватор повторно предизвика турбуленции на пазарот за криптовалути откако објави уште еден коментар за биткоин на Twitter.

Имено, последната бура околу биткоин почна откако корисник на Twitter со името Mr. Whale на 16 мај објави дека љубителите на биткоин во јуни ќе имаат проблеми кога ќе видат дека Тesla ги продала своите резерви на биткоин, што е и разбирливо со оглед на омразата која постои за Илон Маск.

- Advertisement -

На тоа Маск одговори само со „Се разбнема продадени ниту еден биткоин. Објавата следуваше откако Маск на социјалните медиуми на 13 мај напиша дека Tesla повеќе нема да прифаќа криптовалути како платежнообили затоа што ги загрижуваат методите кои се користат за рударење криптовалути.

Овој пинг-понг ефект меѓу биткоин, Tesla и Маск е повеќе од очигледен. Не му е прв пат на Маск да коментира за криптовалутите, но во последно врме енајмногу ја коментира криптовалутата инспирирана од меме, доџкоин, и истакна дека со доџкоин ќе биде финансирана еден од идните лунарни мисии на SpaceX наредната година, а и дека луѓето ќе можат да купуваат Tesla автомобили со доџкоин.

- Advertisement -

После неговата објава на Twitter пред неколку дена цената на биткоин потона, а вчера се случи истото после последните коментари на Маск. Овој пат цената на биткоин за само неколку часа падна на 43.000 долари.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -