СЗО: Бројката на починати од Ковид е значително поголема од официјалната!

- Advertisement -

Официјалната бројка на смртните случаи припишани како последица од компликациите кои ги предизвикува коронавирусната болест Covid-19 веројатно е „значително намалена“, соопшти во петокот Светската здравствена организација (СЗО – WHO), која тврди дека е можно глобално меѓу шест и осум милиони починати да бидат поврзани со пандемијата.

Претставувајќи го Статистичкиот годишен извештај за светското здравје, СЗО проценува дека во текот на минатата 2020 година со Covid-19 почнале најмалку три милиона луѓе, односно 1,2 милиони повеќе отколку што се регистрирани.

- Advertisement -

„Веројатно се соочуваме си значително намалување на вкупниот број починати директно или индиректно припишани на ковидот“, објавија од СЗО.

Оваа агенција при Обединетите нации смета дека 3,4 милиони луѓе кои починале до мај 2021 година, директно може да се поврзат со пандемијата на Covid-19,

- Advertisement -

„Оваа бројка навистина би можела да биде два до трипати поголема. Оттаму сметам дека сигурно 6 до 8 милиони мртви би можело да биде процената“, вели Саира Асма, асистентка на челникот на СЗО за анализа на податоците.

Аналитичарот на СЗО за податоци, Вилијам Мсембари, изјави дека со оваа процена се опфатени непријавените смрти случаи од Covid-19, како и лицата кои починале поради недоволните болнички капацитети и епидемиолошките рестрикции.

- Advertisement -

Официјалната бројка го „намалува овој целосен учинок“ од болеста, вели аналитичарот.

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -