Ангела Меркел го претстави првиот квантен компјутер во Европа

- Advertisement -

Германската канцеларка Ангела Меркел го претстави првиот квантен компјутер во Европа кој во Германија го инсталираше американскиот гигант IBM. Компјутерот Q System One е инсталиран во близина на Штутгарт во соработка со германски експерти и веќе работи од април. Тоа е првиот квантен компјутер на IBM надвор од САД.

Германија е меѓу најдобрите во истражувањето на квантната технологија и има намера така и да остане“, изјави Меркел, која во текот на студијата напиша теза од квантна хемија.

- Advertisement -

Квантната технологија се користи за многу моќни компјутери благодарение на физичкото својство на исклучително малите честички. Наместо „битови“ кои се користат за класични компјутери, квантниот свет користи „кјубитови“, кои можат паралкелно да работат неколку работи и тоа многу брзо.

Иако квантната технологија уште е во експериментална фаза, еден ден би можела да го овозможи решавањето на прашања кои се премногу сложени за сегашните компјутери и тоа во рекордно време.

- Advertisement -

Франција и Германија имаат за цел да станат дел од лидерите во таа област. ФРанцуските власти во јануари најавија инвестиции од 1,8 милијарди евра во текот на пет години, а Германија ќе издвои 2 милијарди за изградба на квантен компјутер до 2025 година.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Osallisuus Media)

Сподели!
- Advertisement -