-1.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Ова е првото 3Д печатено училиште во светот

Kabtel desktop

Во Малави е отворено првото училиште во светот направено со технологијата на 3Д печатење. Училиштето го направи компанијата 14Trees, која ја основаше британската организација CDC Group со цел изградба на евтини и достапни куќи во сиромашните делови од Африка.

Училиштето во Малави ги отвори вратите за учениците минатиот месец, а CDC Group и 14Trees веруваат дека тоа е само почеток на изградбата на станбени и други простори во сиромашните краеви на Африка, па планираат со 3Д печатење да направат цел кварт од станови и населби.

Училиштето се наоѓа во округот Јамба, а на 14Trees им биле потребни само 18 часа за да ги направат ѕидовите со 3Д принтери. После ова училиште во истиот оркуг ќе бидат изградени уште 4 училишта, а во целиот регион треба да има околу 50.

Како 14Trees ги гради куќите и училиштата со 3Д технологија на печатење можете да видите од видеото во прилог. После 3Д печатењето на станбените куќи и училишта во Малави, 14Trees и CDC Group сакаат слични проекти да прошират и подалеку во Африка, па веќе подготвуваат проекти за Зимбабве и за Кенија, а во текот на годинава планирано е и 3Д печатење на училишта во Мадагаскар.

(Vidi.hr)

(фото: manufactor3dmag.com)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!